Бразилскиот великан кажува збогум: Роналадињо во пензија во 2018 година

Некогаш најдобриот фудбалер на светот, Бразилецот Роналдињо Гаучо, соопшти дека во 2018. година ќе ја заврши својата кариера.

 

Поранешниот фудбалер на ПСЖ, Барселона и Милан две години е без клуб откако го напушти Флуминензе по само три месеци играње за овој тим, но има намера да потпише за уште еден клуб пред официјално да ги закачи копачките за клин.

 

„Постои голема шанса да ја завршам кариерата следната година. Би можел да приредам простување од кариерата во некој од клубовите каде играв, ќе морам да размислам за тоа. Кога ќе се повлечам од фудбалот ќе се посветам на моите музички проекти и фудбалската школа. Тоа е нешто ново за мене, ќе морам да се прилагодам“, изјави Роналдињо на прес-конференцијата во Бразил.

 

Роналдињо веќе две години игра егзибициони натпревари ширум светот, а ја обавува и функцијата амбасадор на Барселона.

 

Сега веќе 37-годишниот Роналдињо кариерата ја започна во Гремио, потоа играше во ПСЖ, па во Барселона каде ја стекна сета слава и го доживеа зенитот, а потоа настапуваше за Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро, мексикански Керетаро и Флуминензе.

 

Тој беше прогласен за најдобар играч на светот во 2004 и 2005. година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien