Америка ќе го признае Ерусалим како главен град на Израел

Facebook
Twitter
Email
Print

Високи претставници на американската Администрација изјавија дека претседателот Доналд Трамп ќе го признае Ерусалим за главен град на Израел. По објавувањето, Стејт департментот ќе треба да ги заврши подготовките за преместувањето на Амбасадата од Тел Авив во Ерусалим, иако ова би можело да се случи за неколку години.

 

Анонимните извори тврдат дека одлуката е донесена зашто сите израелски владини институции и Кнесетот се сместени во тој град.

 

Арапската лига предупреди дека признавањето на Ерусалим за главен град на Израел ќе го поттикне фанатизмот и нема да биде во интерес на мировниот процес меѓу Израелците и Палестинците.

 

Папата Франциско, кој говореше неколку часа пред соопштението на американскиот претседател Доналд Трамп за Ерусалим, повика на почитување на „статус квото“ на градот, велејќи дека нови тензии на Блискиот Исток дополнително ќе ги разгорат светските конфликти, пренесе Ројтерс

 

„Искрено ги повикувам сите да се обврзат да го почитуваат статус-квото на градот, во согласност со релевантните резолуции на Обединетите нации“, рече тој.

 

САД наводно го поддржуваат решението со две држави, што може да биде исклучително штетно за секој мировен договор бидејќи Палестинците го сметаат источен Ерусалим за вистински главен град на својата идна држава.

 

Извори блиски до Белата куќа за „АБЦ њуз“ и „Асошиетед прес“ рекле дека признавањето на Ерусалим како главен град на Израел нема да биде политичка изјава. Дел од Ерусалим би можел да биде потенцијален главен град за палестинска држава, објави „АБЦ њуз“.

 

САД на овој начин ќе стане првата држава која го признала Ерусалим за главен град на Израел од неговото основање во 1948 година.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи