Дескоска: Се бара решение за долговите за струја на битолските училишта

Училиштата во општина Битола и студентските домови „Томе Стефановски-Сениќ“ и „Пелагонија“ денеска добија предупредување за исклучување на електричната енергија и екипи беа излезени на терен.

 

„Баравме да се повлечат со цел да се овозможи нормално обезбедување на образовниот процес и престој на студентите“, рече министерката за образование и наука Рената Дескоска

 

Ова денеска го изјави за МИА министерката за образование и наука Рената Дескоска по завршувањето на дебатата за унапредување на остварувањето на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението.

 

„Дадени се предупредувања дека имаат големи долгови и доколку не се подмират веднаш ќе биде исклучена струјата. Во меѓувреме разговаравме со надлежните од ЕВН да им се даде рок и да дадеме можност за план за подмирување на долговите, со оглед на тоа што долговите се големо наследство од минатата власт, а во Буџетот во моментов нема толку средства за подмирување на тие долгови“, нагласи Дескоска.

 

Таа најави дека ќе направат план за плаќање на рати.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи