Дијабетичарите бараат повеќе пари за инсулин во буџетот за 2018

Facebook
Twitter
Email
Print

Дијабетичарите побараа од Собранието зголемување на буџетот за набавка на инсулини и други лекови за третирање дијабетес затоа што количините што се предвидени се недоволни, а инуслините што ги примаат се неквалитетни.

 

Со писмо од Асоцијацијата за детски дијабет Баланс испратено до пратениците се бара ревидирање на владината одлука буџетот за дијабетес да остане ист како и во времето на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ.

 

За 2018 година се предвидени 620 милиони денари и не е предвидено зголемување на средствата во однос на 2017 година. Од Здружението предупредуваат и дека  најголемиот дел од инсулините се набавуваат од Турција.

 

Тие тврдат дека поради неквалитетно третирање на дијабетесот се јавуват компликации кои ја чинат државата 3 пати повеќе отколку самото третирање на дијабетесот. Според годишниот извештај на ФЗОМ за 2016 година најголема ставка во трошоците за лекување по дијагноза се болестите на циркулаторниот систем за кои се потрошени повеќе од 1,7 милијарди денари, а голем процент се предизвикани поради лошо третиран  дијабетес.

 

Исто така повеќе од 1 милијарда денари се потрошени само за дијализа која во голем дел кај пациентите е предизвикана од дијабетесот. Тоа е само дел од трошоците кои се користат за лекување на компликации од дијабетесот.

 

Во Македонија има 188 илјади луѓе со дијабетес, или 12.2 % од вкупната популација. Од нив повеќе од 40.000 се корисници на инсулинска терапија и нивниот број се зголемува.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи