На Мијалков ќе му се суди и за случајот „Трезор“, обвинението доби зелено светло

Facebook
Twitter
Email
Print

Советот за оценка на обвинителниот акт при Основниот суд Скопје 1 го одобрил обвинението за случајот „Трезор“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој осомничени се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот началник на Петтата управа Горан Грујевски и поранешниот помошник министер во МВР Небојша Сајковиќ.

 

Тие се обвинети за проневера на државни пари при набавка на опрема за прислушување во Лондон, 2010 година, за потребите на Петтата управа во МВР. Набавката не одела преку МВР, туку преку компанијата „Финзи“.

 

Истрагата за предметот Трезор, СЈО ја отвори поради сомневање дека 860 илјади евра од буџетот завршиле во приватни џебови преку набавка на опрема за прислушување.

 

Според СЈО „Финзи“ во договор со УБК и МВР увозот на опремата го фактурирала по двојно поскапа цена. „Финзи“ е компанија во сопственост на фирма од САД, додека фирмата од САД е поседувана од фирма во Кипар. Прв директор на оваа фирма е Владислав Стајковиќ, брат на Небојша Стајковиќ, а последен беше Коста Крпач, сведокот на СЈО кој се самоуби.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи