СВР Битола поднесе кривична пријава против 57 годишната докторка од Прилеп М.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
„М.Н. како доктор по општа медицина и сопственик на правното лице ПЗУ „Медиснај“, подолг временски период издавала рецепти за набавување на метадон на лица, при што за секое издавање на рецепти им наплаќала од 100 до 200 денари. Во неколку наврати рецептите ги издавала и од својот дом“, соопштуваат МВР.