Прифатено обвинението за „Титаник 2“

Facebook
Twitter
Email
Print

Советот за оценка на обвинителен акт на Кривичниот суд го прифати обвинението за случајот „Титаник 2″ за изборни нерегуларности, потврдија за МИА од СЈО.

 

Во овој случај обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска и Влатко Сајковски, како и актуелниот член Сашо Срцев.

 

Прифатен е и обвинителниот предлог за Сашо Мијаклов за кривично дело примање награда за противзаконито влијание.

 

Судот не го прифатил обвинителниот акт против петмината судии од Управниот суд Билјана Никодиновска Петревска, Лидија Ивановска, Благородан Арангелова, Анета Џигерова и Газменд Фејзули, кои исто така беа осомничени за изборни нерегуларности.

 

За ваквата одлука на судот, СЈО изутрината веќе поднел жалба.

 

Во случајот „Титаник 2“, како што претходно одлучи судот, докази ќе бидат и снимките од прислушуваните разговори.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи