Формула 1: Малезија отпаѓа, враќање на ГН на Германија и Франција

Facebook
Twitter
Email
Print

Шампионатот во формула 1 од следната сезона ќе има 21 трка, една повеќе во однос на оваа сезона, објави меѓународната автомобилска федерација. Во календарот на најбрзите авто-мото трки се враќаат големите награди на Франција и Германија, додека возачите повеќе нема да се натпреваруваат за големата награда на Малезија.

 

Трката за ГН на Франција се враќа по десет години и ќе се вози на стазата „Пол Рикер“ во Кастелеу. Трката за ГН на Германија, пак, исфрлена беше оваа сезона поради слаба посетеност и големи трошоци, но истата се враќа и ќе се вози на 22 јули на „Хокејхајм“.

 

Новата сезона ќе стартува со трката за ГН на Австралија во Мелбурн која е закажана на 25 март. Тронот во Ф1 ќе го брани британскиот возач Луис Хамилтон.

 

Ќе се вози во уште во Бахреин, Кина, Шпанија, Монако, Канада, Австрија, Велика Британија, Унгарија, Белгија, Италија, Сингапур, Русија, Јапонија, САД, Мексико, Бразил и Обединетите Арапски Емирати.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи