Жан Тод реизбран за претседател на ФИА

Жан Тод доби трет мандат како претседател на Меѓународната Автомобилска федерација (ФИА). Тоа се случи на генералното собрание на ФИА во Париз помеѓу 4-8 декември. Новиот мандат на 71-годишниот Тод ќе истече на крајот на 2021 година.

 

Французинот кој го наследи Макс Мозли во 2009 година, доби едногласна доверба на Генералното собрание во Париз и така ќе продолжи да раководи со Светската автомобилистичка федерација.

 

„Мило ми е што добив сеопшта поддршка. Тоа е потврда за правилната насока по која се движи ФИА под моето раководство, и го разбирам како охрабрување да ја продолжиме програмата која ја следиме во изминатите осум години“, рече Тод.

 

Главните цели на ФИА во наредниот период ќе биде подобра интеракција со клубовите, иновација и развивање на јаки мрежни системи во мотоспортот, како и унапредување на сигурноста на патеките во сите категории.

 

На Генералното собрание на ФИА присуствуваат 150 земји. Сите станаа за првпат сведоци на организираната во Париз „Сала на славните“, каде што беа наградени 33 автомобилски натпреварувачи и шампиони.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien