Руски безбедносни сили ликвидираа терористи кои подготвувале напади

Руските безбедносни сили елимираа тројца вооружени екстремисти кои планирале терористички напади во Ставропол, соопштија властите.

 

 

Како што пренесува агенцијата ТАСС, терористите планирале да извршат напади на места на јавни собирања во јужниот руски град.

 

Во акцијата на безбедносните сили против терористите немало повредени меѓу локалното население, се истакнува во официјалното соопштение. И претходно имаше апсење на терористи кои планирале напади во Москва. ВО Последно време во земјата зачестија и дојавите за бомби кои се покажаа како лажни.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien