Алиоски избран за Играч на месецот во Лидс

Facebook
Twitter
Email
Print

Одличните игри на Езгјан Алиоски минатиот месец придонесоа тој да биде избран за најдобар фудбалер на Лидс јунајтед за ноември, според гласањето на навивачите на овој англиски клуб. Напаѓачот сосема заслужено доби дури 73% од гласовите на фановите.

 

По критиките кои ги добиваше за бледите партии, Езгјан Алиоски блесна минатиов месец и постигна четири погодоци, по еден на секој натпревар во ноември. Популарниот „Џани“ погоди во поразот од 3-1 кај Брентфорд, во победата од 2-1 над Мидлзбро, во поразот од 4-1 кај Вулверхемптон и во победата од 0-2 кај Барнсли.

 

Па негативните коментари беа заменети со пофалби, кои резултираа со избор на Езгјан Алиоски за Играч на месецот. Македонскиот репрезентативец откако е дојден на Островото, никако не може да им угоди на навивачите, кои буквално за се и сешто успеваат да најдат маана во офанзивниот фудбалер. По социјалните мрежи Алиоски постојано е критикуван, дури и кога дава голови, но очигледно на „Иланд роуд“ конечно се освестуваат дека имаат извонреден фудбалер кој допрва треба уште подобро да игра затоа што во Англија е само пет месеци.

 

Дури 73% од гласовите на фановите завршија зад името на Македонецот, кој до признанието стигна пред Самуел Саиз и Понтус Јансон. Езгјан Алиоски исто така доби и награда, часовник од лимитирана серија на спонзорот Луј Ерар.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи