Вучиќ: Не сакаме во НАТО, го избравме патот на воена неутралност

Facebook
Twitter
Email
Print

Србија е на европскиот пат, но нема намера да се приклучи на НАТО, порача српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за Тас.

 

„Србија е на европскиот пат, но разликата помеѓу Србија и останатите земји во регионот е што Србија не сака да се приклучи на НАТО. Ние го избравме патот на воена неутралност и јас тоа им го соопштив и на лидерите на државите-членки на НАТО. Ние тоа не го криеме“, изјави Вучиќ.

 

Претседателот на Србија исто така наведе дека пред 10 дена бил во седиштето на НАТО во Брисел и дека ги информирал лидерите на земјите-членки на Алијанската дека Србија нема намера да се приклучи на тој сојуз.

 

Тој потсети дека Србија добила шест руски воени авиони МиГ-29, кои се предмет во процесот на модернизација, изразувајќи очекување дека тие ќе бидат во потполна оперативна подготвеност во рок од неколку месеци.

 

„Сакаме да купиме уште оружје, најмалку шест воени транспортни хеликоптери и системи за воздушна одбрана“, кажа Вучиќ.

 

Тој нагласи дека Србија е независна и воено неутрална земја и поради тоа мора да биде силна во воен поглед за да може да ја одбрани својата територија.

 

Српскиот претседател ќе патува во посета на Москва од 18 до 20 декември, а за време на посетата ќе се сретне и со претседателот Путин. Двајцата претседатели ќе разговараат за широка низа билатерални и меѓународни прашања.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи