Двајца загинати при израелски воздушни напади во појасот Газа

Facebook
Twitter
Email
Print

Двајца Палестинци се убиени а десетици повредени во судирот со израелската војска и во воздушните напади со кои израелските бомбардери одговорија на палестинското лансирање ракети на „денот на гневот“ поради едностраното американско признавање на Ерусалим за главен град на израелската држава. Со тоа бројот на мртви во изминатите неколку дена се зголеми на четири.

 

Тензиите помеѓу Израел и Палестина повторно пораснаа, откако Доналд Трамп во средата го призна Ерусалим за нов главен град за Израел, со што САД ја прекинаа неколкудецениската неутралност по ова прашање.

 

Од палестинската енклава Газа денес беше испукана ракета кон израелскиот град Сдерот, соопштија Израелските одбранбени сили, не наведувајќи дали имало жртви. Тоа е трета ракета испукана кон Израел по двете во петокот кога во палестинските територии избија протести против одлуката на САД.

 

На ракетирањето од палестинските области израелски борбени авиони одговорија со напад врз полигон за воена обука и уништија магацин со оружје, пренесе Ројтерс.

 

Над 80 Палестинци беа повредени во окупираните Западен брег и Газа во израелското стрелање со боева муниција и гумени куршуми, соопшти палестинската органзиација Црвена полумесечина. Палестинскиот министер за здравство изјави дека во конфликтот во појасот Газа, Западниот брег и во Ерусалим, повредени се околу 1.100 лица.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи