Руските безбедносни сили елимираа тројца вооружени екстремисти кои планирале терористички напади во Ставропол, соопштија властите.
Како што пренесува агенцијата ТАСС, терористите планирале да извршат напади на места на јавни собирања во јужниот руски град.
Во акцијата на безбедносните сили против терористите немало повредени меѓу локалното население, се истакнува во официјалното соопштение. И претходно имаше апсење на терористи кои планирале напади во Москва. ВО Последно време во земјата зачестија и дојавите за бомби кои се покажаа како лажни.