Шефот на словенечката дипломатија Карл Ерјавец по средбата на лидерите на партиите од владината коалиција најави дека Словенија подготвува тужба против Хрватска поради непочитување на арбитражната пресуда за границата меѓу двете земји во Пиранскиот залив.
Од друга страна, генералниот секретар на словенечката Влада, Љиљана Козлович информира дека Љубљана е во постојан контакт со Европската комисија околу прашањето на границата.
Таа не знаеше кога во Словенија и во Хрватска ќе допатува потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс, кој е задолжен да посредува меѓу двете држави.
Кога станува збор за средба меѓу премиерите на Словенија и на Хрватска, Миро Церар и Андреј Пленковиќ, Козлович истакна дека до неа нема да дојде се додека не се реши прашањето за импелментација на одлуката на арбитражата.