ЛШ: Реал налета на ПСЖ, Барса против Челзи

Во трката за европската титулата останаа 16 најдобри екипи на Стариот континент, па денес со жрепката во Нион ги дознавме двојките за осминафиналето во Лигата на шампионите.

 

Неколку мега пресметки ја чекаат фудбалска Европа во осминафиналето на Лигата на шампионите на пролет. Актуелниот европски шампион Реал (М) за противник во првата нокаут рунда го доби францускиот гигант ПСЖ, додека вториот шпански гигант во завршницата, Барселона, за противник во следната рунда ќе го има англискиот шампион Челзи. Третиот супер-дуел во осминафиналето е пресметката меѓу италијанскиот првак Јувентус и англискиот вицешампион Тотенхем.

 

Во сенка на овие три мега-пресметки останаа останатите пет дуели формирани со денешното извлекување. Во нив, Манчестер Сити за противник го доби Базел, Ливерпул ќе игра со Порто, Севиља се среќава со Манчестер Јунајтед, Шахтјор ќе ја пречека екипата на Рома, додека Баерн (М) за противник ќе го има Бешикташ.

 

Првите дуели од осминафиналето се закажани за 13 и 14 февруари, а реваншите ќе се одиграат на 20 и 21 февруари 2018 година.

 

Во продолжение ви го претставуваме целосниот распоред:

 

13 февруари и 7 март

 

Јувентус – Тотенхем

Базел – Манчестер Сити

 

14 февруари и 6 март

 

Порто – Ливерпул

Реал Мадрид – ПСЖ

 

20 февруари и 14 март

 

Челзи – Барселона

Баерн Минхен – Бешикташ

 

21 февруари и 13 март

 

Севиља – Манчестер Јунајтед

Шахтјор – Рома.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.