Калифорнија не успева да ги стави пожарите под контрола. Огнот сега им се заканува на повеќе градови, меѓу кои и Санта Барбара. Илјадници луѓе мораа да ги напуштат своите домови.
Најдеструктивниот шумски пожар кој моментално пустоши низ Калифорнија, значително се проширил, зафаќајќи подрачје поголемо од Њујорк. Пожарот “Томас” во окрузите Вентура и Санта Барбара зафатил повеќе од 470.000 хектари земја и сега се смета дека е петтиот најголем пожар во историјата на земјата. Загрозени се во меѓувреме и универзитетскиот град Санта Барбара, северно од Лос Анџелес, како и приморското место Керпинтериа. Некои од тамошните предградија мораа да бидат евакуирани.
Пожарот, наречен според факултетот Томас Аквински во близина на кој се појавил, е далеку најголем меѓу нив. Тој избувна минатиот понеделник во близина на градот Вентура и на чие распространување му погодуваа силните ветришта, незапирливо се шири и натаму. Тој веќе уништи речиси 600 објекти и 60.000 хектари земја, со што се вброи во најразорните во историјата на сојузната држава. Преку 200.000 луѓе ги напуштија своите домови за да се засолнат на безбедни места. Досега е пријавена една жртва во пожарите.
Жителите на крајбрежните подрајча на Калифорнија добиле наредба да се евакуираат. Иако пожарникарите вчера објавиле дека под контрола ставиле 15 проценти од пожарот, подоцна било проценето дека се работи за околу 10 проценти.
“Ова е заканувачки пожар, дефинитивно, но имаме многу луѓе кои работат многу внимателно за да го стават под контрола”, рекол шерифот на Санта Барбара, Бил Браун.
Останатите пожари, кои во исто време дивеат низ Калифорнија, се под контрола, но стотина куќи се изгорени, а 200.000 луѓе се веќе евакуирани од своите домови од 4-ти септември до денес. Засега, само едно лице загинало – 70-годишна жена која била пронајдена мртва во својот автомобил на евакуациската рута. Неколку пожарникари биле повредени при гасењето.
Државните власти издале виолетов аларм – највисок степен на опасност, додека американскиот претседател прогласил вонредна состојба. Гувернерот на Калифорнија, Џери Браун, оваа елементарна непогода ја нарекол “нова нормала” и предвидел дека огромните пожари, “погодени од климатските промени”, би можеле да се случуваат на неколку години.