ВИДЕО : Започна светиниколскиот турнир во мал фудбал

Екипите на „Полициска станица Прилеп“ и „Коњска сила“ попладнево го отворија традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“ кој го организираат Општина Прилеп, компанијата Комфи Ангел и „Локалниот спортски сојуз“. На турнирот ќе настапат 43 екипи,  33 екипи во сениорска категорија, 11 екипи ќе бидат пионери и 9 ветерани. Во најсилната категорија, сениорите, има учесници од Скопје, Битола, Гостивар, Велес, Богданци и Охрид. Сениорите ќе се натпреваруваат за награден фонд од 160.000 денари кои се обезбедени како награда за првото место, второто место добива 90.000 денари, а за третото место се обезбедени 60.000 денари. Градоначалникот Јованоски, кој го отвори турнирот, порача дека Општина Прилеп и во иднина ќе ги поддржува сите видови на спорт.

 

 

„Денеска започнува традиционалниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“. Организатори на овој турнир се Општина Прилеп, „Локалниот спортски сојуз“ и компанијата Комфи Ангел која секогаш е поддржувач на овој спортски настан. Денеска започнуваат натпреварите кои посакувам да се одвиваат во еден спортски дух и да победат подобрите. На младите им порачувам дека секогаш како локална самоуправа ќе ги поддржуваме сите видови на спорт, подеднакво без разлика за кој спорт станува збор. Сакам уште еднаш да ги поздравам сите спортисти сите гледачи кои ќе присуствуваат на овие напревари во наредните денови“, истакна Илија Јованоски, градоначалниик на Прилеп.

 

 

Од „Локалниот спортски сојуз“ уште еднаш упатија апел до компаниите да бидат донатори на овој хуманитарен турнир, а собраните средства потоа ќе бидат наменети за отворање на центар за децата заболени од церебрална парализа.

 

„Локалниот спортски сојуз се потруди во овој краток период да ги овозможи сите технички услови во спортската сала „Сонце“, како што се греењето, топла вода за учесниците и хигиената во објектот. Ги повикувам сите донатори кои сакаат да учествуваат на турнирот можат да донираат и во текот на наредните денови. Целта на турнирот е со собраните средства да се опреми еден центар за децата заболени од церебрална парализа. Уште еднаш повикувам да се донираат средства, бидејќи истите ќе бидат намети во вистински цели. Вечерва турнирот се отвора со 4 пара сениори и три пара ветарани“, изјави Рубинчо Илиоски, претставник на локален спортски сојуз.

 

Влезот за публиката до осминафинале е бесплатен, а потоа ќе се наплаќа симболична влезница од 50 денари.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien