Рајола го тужи Милан и бара раскин на договорот за Донарума

Facebook
Twitter
Email
Print

Минатото лето бевме сведоци на голема сага околу младиот Џанлуиџи Донарума за прашањето дали ќе потпише нов договор и ќе остане во Милан. На крајот по многу пресврт Донарума потпиша нов договор со „росонерите“ до 2021 година со годишна плата од 5.500.000 евра (плус бонуси). Меѓутоа сега следува нова драма која ја најавуваат медиумите на Апенините.

 

Голем скандал е на повидок во Милан, откако еден од најголемите менаџери моментно Рајола се решил да го тужи седумкратниот европски првак. Донарума летоска беше под голем притисок зда потпиша нов договор, откако двапати ги одбиваше понудите на „росонерите“, но Милан на крајот го убеди да остане.

 

Контроверзниот менаџер се решил на ваков чекор бидејќи, како што рекол, не бил присутен кога бил потпишан договорот, во кој треба да има откупна клаузула од 40 милиони евра доколку Милан не избори пласман во Лигата на шампионите, односно клаузула за откуп од 70 милиони евра доколку „росонерите“ се пласираат во шампионската Лига.

 

Сега ако судот докаже дека Милан е виновен за случајот, Донарума ќе стане слободен играч, а „росонерите“ ќе загубат најмалку 40 милиони евра. Плус, Рајола тврди дека младиот голман трпел жесток притисок за да потпише нов договор и сето ова му било адут повеќе за да го добие гигантот во судската постапка.

 

Веста се совпаѓа со информациите дека ПСЖ ги рестартирал преговорите со Рајола за Донарума. Парижаните беа подготвени да потрошат 70 милиони евра за талентот во текот на летото.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи