Снежно невреме низ Европа, затворени повеќе аеродроми

Снежните наноси низ поголемиот дел од Европа предизвикаа проблеми во сообраќајот во неколку земји. Бурата го блокираше патниот и железничкиот сообраќај, а затворени се и  голем број од европските аеродроми.

 

Во белгиската престолнина е затворен аеродромот „Завентем“. Аеродромот вчера беше затворен поради обилни врнежи од снег. Немаше ниту полетувања ниту слетувања, соопштија аеродромските власти. Граѓаните се револтирани бидејќи им се нарушува секојдневната рутина и обврските не ги завршуваат навреме. Локалните медиуми јавуваат дека во текот на вчерашниот ден биле откажани 300 летови, а стотина пренасочени.

 

Во 32 области во Франција, е прогласена вонредна состојба, а поради врнежите на снег над десетици илјади домаќинства останаа без електрична енергија. Снежната бура предизвика хаос и во северниот дел на Италија.  Во Германија се запрени летовите на неколку аеродроми.

 

Со проблеми во сообраќајот се соочуваат и Холанѓаните. Поради ниските температури, снежните наноси и голомразицата на патиштата, е издадено предупредување за „екстремна опасност“. Властите ги советуваат граѓаните да не го користат ни железничкиот сообраќај доколку не е неопходно.

 

Најстудено е во Турција, каде биле измерени поларни температури, особено во Анадолија, каде температурите достигнаа и до минус 26 целзиусови степени.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien