Ердоган бара признавање на Ерусалим за главен палестински град

Лидерите на муслиманските земји се собраа во Истанбул на самит по повод одлуката на САД да го признае Ерусалим како главен град на Израел. Одлуката на американскиот претседател наиде на речиси едносгласна осуда во светот и демонстрации на Блискиот исток и во муслиманскиот свет.

 

Ердоган е еден од најгласните критичари на таквата одлука и ја смета за црвена линија за муслиманите. Тврди дека признавањето е спротивно на меѓународното право и дека Ерусалим е третиот по важност град во исламот, по Мека и Медина во Саудиска Арабија.

 

„Државата Палестина е план на Обединетите нации уште од 1947 година и ова е јасна демонстрација на фактот дека Израел е окупирана држава, а од друга страна е и држава на тероризмот. Војниците терористи убиваат десетгодишни деца, ги затвораат и ги ставаат во кафези“ изјави претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

 

Ердоган ги повика сите земји да го признаат Ерусалим за престолнина на Палестина, а САД да се откажат од „незаконското и провокативно решение“ за Ерусалим. На средбата учествуваат 22 претседатели на исламските земји и дваесетина министри за надворешни работи. Министерот за надворешни работи Чавушоглу побара светот да го признае Источен Ерусалим за Палестински главен град.

 

„Прво, Палестинската држава треба да биде признаена од сите останати држави. Ние сите треба да се бориме за тоа. Треба да побараме од другите држави да ја признаат Палестинската држава врз основа на границите од 1967 година и со главен град Источен Ерусалим“, изјави министерот Чавушоглу.

 

Ерусалим, кој како свет град подеднакво го ппочитуваат евреите, христијаните и муслиманите, е третото најсвето место на исламот, а од половината на минатиот век е во центарот на израелско-палестинскиот судир. Израел го освои палестинскиот источен дел на Ерусалим во такакнаречената Шестневна војна од 1967 година и подоцна го присоедини кон државата Израел, што меѓународната заедница никогаш не го призна.

 

Турција ги повика ленките на Организацијата за исламска соработка, организацијата којашто ја сочинуваат од 509 муслимански нации, на состанокот во средата во Истанбул за да го формулираат заедничкиот одговор на американската одлука.

 

За статусот на Ерусалим се води неколкудецениски Израелско- палестински конфликт. Во градот се сметстени верски објекти со исклучителна важност за христијанството, јудеизмот и исламот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien