Волфсбург и Лајпциг одиграа реми (1:1) во натпревар од 16-то коло од Бундес лигата, а натпреварот го одбележа неверојатното промашување на Ориги.
Домашната екипа и тоа како има за што да жали, откако Дивоцк Ориги во 78. минута промашни нешто што никој, па и тој самиот не би можел да го објасни.
Играчот кој игра како позајмен од Ливерпул доби топка како што можеше да посакува, на три метра пред голот на гостите, а притоа околу себе немаше противнички голман, па мрежата беше празна. Сепак Ориги биеше многу непрецизно и високо над голот, па така ова промашување сигурно ќе влезе во изборот за најдобрите сезонава во Бундеслигата.