Монако вчера го победи Каен со 2-0 и се пласира во четвртфиналето во францускиот Лига-куп, а мечот го одбележа Радамел Фалкао.
Колумбискиот напаѓач влезе во игра во 76. минута, а веќе во 85. направи ремек дело. Доби топка во „кругот“ на центарот на игралиштето и кога сите очекуваа дека ќе прави „пас“ напред, упати фантастичен лоб поставувајќи ги конечните 2-0.
Еден од најубавите голови на Фалкао во кариерата
Not bad from Radamel Falcao. @FALCAO pic.twitter.com/SYi7wXEmeD
— Li’l Ze (@LilZe8) December 12, 2017