Тилерсон: САД се подготвени да преговараат со Северна Кореја

Facebook
Twitter
Email
Print

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон понуди почеток на преговори со Северна Кореја без предуслови. Тоа претставува своевидно повлекување на Вашингтон од претходниот став дека за да дојде до преговори е неопходно најпрвин Пјонгјанг да се откаже од развојот на нуклеарно оружје.

 

САД, како што изјави американскиот министер за надворешни работи, Рекс Тилерсон, не поставуваат никакви предуслови за евентуални разговори со Северна Кореја. Досега американските претставници инсистираа Пјонгјанг да се откаже од програмата за атомско оружје како прв предуслов за седнување на преговарачка маса.

 

„Рековме, од дипломатска страна, дека ние сме подготвени да разговараме со Северна Кореја во секое време и подготвени сме да го имаме првиот состанок без предуслови. Ајде да се сретнеме и можеме да зборуваме и за времето, ако сакате“, рече тој.

 

Ваквиот дипломатски пресврт на Тилерсон доаѓа по првата посета на Северна Кореја по шест години на високиот претставник на Обединетите нации, шефот за политички работи Џефри Фелтман.

 

Тилерсон во својот говор меѓутоа демонстрираше и закани кон комунистичката држава.

 

„САД ќе ги задржат економските и дипломатските санкции против Северна Кореја додека не падне првата бомба. Вашингтон едноставно не може да прифати нуклеарно вооружена Северна Кореја“, предупреди тој.

 

Од друга страна, иако шефот на американската дипломатија Рекс Тилерсон ја даде таа изјава што означува помек став на Вашингтон, северкорејскиот лидер Ким Џонг-ун стави до знаење дека неговата држава ќе стане „најгoлема нуклеарна сила во светот“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи