Ливерпул полека се помирува со судбината дека не може да го задржи Филипе Кутињо во своите редови. Бразилецот е пред сензационален трансфер во редовите на Барселона, што треба да изнесува околу 145 милиони евра.
Освен Кутињо, Барса веќе договори трансфер со 23 годишниот Јери Мина. Капитенот на клубот, Андрес Иниеста знае за овие опции и верува дека тие одлични би се вклопиле во новата средина.
„Двајцата имаат свои квалитети и ќе бидат одлични засилувања, ама тие се уште играат за своите клубови. Ако Барса ги сака тогаш значи се неопходни и дека тие се подготвени да се справат со притисокот. Нема време за порази и нерешени резултати кај нас. Тоа ќе го искусат кога ќе дојдат, ако дојдат. Ќе бидат одлични засилувања, ама засега тоа не е реалноста и тешко е да говорам кога не е завршено“, истакнал Иниеста.