Чавушоглу: Договорот за С-400 може да биде потпишан до крајот на неделата

Facebook
Twitter
Email
Print

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска изјави дека Турција може да го финализира договорот за набавка на рускиот ракетен систем С-400 уште во текот на оваа недела.

 

„Нема никакви пречки зошто договорот за С-400 не би бил потпишан уште во текот на неделава“, изјави Чавушоглу за време на прес-конференција во Анкара.

 

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган разговара за набавката на ракетниот систем на почетокот на неделава при нивната средба во Анкара.

 

 

Турција се соочи со критики од партнерите во НАТО откако најави дека планира да го купи С-400, кој е најмодерниот руски ракетен систем за пресретнување авиони и проектили.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи