„Disney“ го купува медиумско-филмското царство на „21st Century Fox“ за 52,4 милијарди долари

Филмскиот гигант „Walt Disney“ објави дека се е договорил да ги купи сите средства од филмскиот, телевизиски и забавен бизнис на „21st Century Fox“ на магнатот Руперт Мардок за 52.4 милијарди долари, соопштија Ројтерс и Би-Би-Си.

 

Како филмската, така и кабелската мрежа на „21st Century Fox“ ќе бидат купени од „Disney“, кој исто така ќе преземе 13,7 милијарди долари од долгот на компанијата. Меѓу средствата што ќе се здобијат се „Marvel Studios“ (кои прават филмови по стриповите на „Marvel“), франшизата на „Avatar“ и хит серии како „The Simpsons“. Во Велика Британија, Мардок го продава својот сегашен удел од 39% во британскиот „Sky News“ на „Disney“.

 

Договорот, според Ројтерс, е дел од напорите на „Disney“ за справување со растечката конкуренција од компании како „Amazon“ и „Netflix“. Со делот на „Fox“ во „Hulu“, еден од конкурентните на „Netflix“, „Disney“ практично ќе си обезбеди мнозински пакет во платформата за видео-стриминг. Компанијата објаснува дека овој потег ќе обезбеди директна врска со своите корисници и ќе даде нов импулс на сопствената видео-стриминг услуга – „BamTech“.

 

Исто така, ќе бидат продадени и мрежите на „National Geographic“, „FX“ и „Star India“ – индиска компанија со 58 канали и 650 милиони гледачи во земјата.

 

Во рацете на Мардок останува контролата на каналот „Fox News“, чии позиции се во синхронизација со оние на републиканците во САД (и со оние на претседателот Доналд Трамп), и „Fox sport“, кои ќе се најдат во посебна компанија заедно со останатите канали на „Fox Broadcasting Network“ – како „FS1“ и „FS2“.

 

 

Според договорот, 86-годишниот Мардок и неговото семејство ќе добијат 4,25 отсто од акциите во „Disney“, заедно со средства како што е најголемиот телевизиски канал во Велика Британија и неколку кабелски канали.

 

Зделката нема да влијае на предлогот на „21st Century Fox“ да стекне уште 61% од „Sky News“ и така да добие целосна контрола над неа – договор кој се уште се проучува од британските регулатори. Според извори на „BBC“, трансферот на средства кон „Disney“ нема да ја промени истрагата.

 

Шефот на „Disney“, Роберт Ајгер ќе го продолжи мандатот до крајот на 2021 година, согласно договорот, за да се олесни интеграцијата на бизнисот на „Fox“. Тој веќе три пати го одложи повлекувањето од „Disney“, а во март рече дека планира да остане во компанијата до јули 2019 година.

 

Соопштението става крај на над половина век медиумска експанзија на Мардок и неговото семејство. Откако наследил еден весник од својот татко на 21 година, во последните децении тој создаде една од најголемите медиумски империи, која постојано беше во центарот на меѓународни скандали.

 

„Чест е за нас и сме благодарни дека Руперт Мардок дека ни ја довери иднината на својот бизнис, кој цел живот го градеше, и сме возбудени од оваа неверојатна можност значително да го прошириме портфолиото од сакани франшизи и брендирана содржина, за да ги подобриме директните предлози кон корисниците“, рече Ајгер, цитиран во соопштението на „Disney“.

 

Претстои зделката да биде разгледана од антимонополските регулатори во САД.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи