ВИДЕО : Земјоделците му дадоа двојка на Министерството за земјоделство

Земјоделците не се задоволни од работата на Министерството за земјоделство, oд 400 земјоделци од разни региони во Македонија, опфатени во испитувањето кое се спровело во октомври и ноември, 45% од нив на скала од 1 до 5 ( при што 5 е највисока оценка ), тие го оцениле Министерството за земјоделство со двојка. Додека пак 21% од испитаните Министерството го оцениле со единица.

 

Kритиките главно се однесуваат на периодот од 2013 до 2016 година. Најголемото незадоволство било околу работните тела кои треба да обезбедат учество на земјоделцицте во креирањето и спроведувањето на политиките во оваа област.

 

 

Токму поради ваквата ситуација денеска во Прилеп, „Рурална коалиција“ организираше трибина со земјоделците од Пелагонија на која се дискутираше за нивните проблеми.

 

„Истражувањето беше насочено кон утврдување на перцепциите и ставовите на земјоделците, но исто така и вработените во Министерството за земјоделство, во делот на вклучувањето на земјоделците во работните тела на Министерството. Сакавме да утврдиме колкав е процентот на земјоделците вклучени во тие работни тела во делот на креирање и спроведување на земјоделските политики. Земјоделците истакнаа дека 45% од нив не се задоволни од работните тела на министерството и нив ги оценија со двојка на скала од еден до пет ( каде пет е највисока оценка). Ако на тоа се додаде дека со единица Министерството за земјоделство го оцениле дури 21% добиваме повеќе од 60% незадоволни земјоделци за периодот 2013-2016 година“, вели Лилјана Јоноски, извршна директорка на „Рурална коалиција“.

 

 

Според „Рурална коалиција“ од 2013 до 2016 година овие работни тела се тотално нефункционални, а тоа го потврдиле и вработени во Министерството за земјоделство. Последниот извештај на Министерството за земјоделство бил сработен за 2012 година, иако до 20 септември Министерството треба по закон да го објави извештајот за претходната година. По реакцииите на „Рурална коалиција“ – Куманово ова започнало да се менува и веќе на интернет страницата на Министерството за земјоделство биле поставени извештаите за сработеното до 2015 година.

 

„Министерството за земјоделство треба да биде отворено, конструктивно во својата работа и да ги вклучува во сите консултативни процеси земјоделците. Но не кога тие процеси доаѓаат на крај или кога веќе програмите се изготвени туку тие да бидат навистина суштиински. Исто така треба да профункционираат сите работни тела на Министерството за земјоделство“, додава Јоноски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи