Градот каде што секој трет жител е милионер

Во Монако, секој трет е милионер. А еден од секои 56 жители на францускиот регион има богатство вредно над 30 милиони долари. Тоа е сумата над која се смета дека лицето има ултра богатство.

 

Монако се наоѓа во јужна Франција, во близина на италијанската граница. Тој одамна е популарна банкарска дестинација, како и даночно засолниште, поради фактот дека кнежеството нема данок на доход. Монако е добро познат по своите казина и луксузни домови.

 

Во Монако има околу 39.000 жители, а 686 од нив имаат многу висок статус. Многу од овие 686 луѓе имаат само втор дом во кнежевството, не се постојани жители. Меѓу постојаните жители 100 лица имаат нето богатство од 30 милиони долари или повеќе, што се смета за ултра-богатство.

 

Монако е исто така едно од најбезбедните места во светот. Таму се наоѓа најголемата полициска сила по глава на жител, како и 24-часовен систем за видео надзор, кој го следи цело кнежевство.

 

Погледнете кои се градовите во светот со најмногу милионери меѓу населението:

 

10. Лос Анџелес – 1 на 1622 луѓе

9. Њујорк – 1 на 1392 луѓе

8. Лондон – 1 на 1388 луѓе

7. Хонг Конг – 1 од 918 луѓе

6. Цирих – 1 од 783 луѓе

5. Сан Франциско – 1 од 737 луѓе

4. Сан Хозе – 1 од 716 луѓе

3. Сингапур – 1 од 707 луѓе

2. Женева – 1 од 221 луѓе

1. Монако – 1 од 56 луѓе

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи