ЕУ ги продолжи економските санкции за Русија за уште шест месеци поради анектирањето на Крим кое, според челниците на блокот, го загрозува територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина.
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на самитот на Унијата во Брисел изјави дека европските лидери биле „обединети во врска со прашањето за економските санкции врз Русија“. Индивидуалните санкции кон руските и украинските граѓани беа воведени во 2014 година.
Со нив се предвидува замрзнување на имот и забрана за влез на територијата на ЕУ. Русија постојано повторува дека нема продуктивност во преговори кои подразбираат казнени мерки.
Европската унија се обидува да го натера рускиот претседател Владимир Путин да влијае врз сеператистите поддржани од Москва на истокот на Украина да го запрат конфилктот во таа земја.