Дипломираниот економист, Кристијан Пиличев е новиот вршител на должност директор на домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ од Прилеп, којшто доаѓа на местото на Ирена Стерјовска – Локвенец.
Градоначалникот Илија Јованоски во рамките на своите надлежности денеска (15.12.2017 год.) со решение го назначи Пиличев на оваа функција.
Од Општина Прилеп соопштуваат дека кадровската смена во Домот за стари лица се должела на лошите услови во оваа институција, во која што грижата за штитениците била на најниско ниво.