НБА: Драмата во Филаделфија за Оклахома, Хјустон го „преслуша“ Сан Антонио

НБА лигата ни донесе единаесет нови натпревари од кои еден посебно се издвои, а тоа е битката меѓу Филаделфија и Оклахома Сити која им припадна на Тандерс по три продолженија (119-117).

 

Одново предводник на „Тандерси“ беше Расел Вестбрук кој средбата ја заврши со 27 поени, 17 скокови и 15 асистенции, вклучувајќи ја и последната при постигнувањето на победнилчкиот кош кога на 10 секунди до крајот погоди Андре Робертсон.

 

Хјустон уште еднаш покажа зошто е тимот со најдобар скор во НБА (23-4), утрово „Ракетите“ го „преслушаа“ Сан Антонио во локалното дерби и стигнаа до 12. победа во низа. Крис Пол вечерта ја заврши со 28 поени, 8 асистенции и 7 украдени топки. Џејмс Харден исто така забележа 28 поени, а придодаде и 6 асистенции и 7 скокови.

 

Резултати:

Шарлот – Мајами 98:104

Индијана – Детроит 98:104

Орландо – Портланд 88:95

Филаделфија – Оклахома 117:119 (прод.)

Вашингтон – ЛА Клиперс 100:91

Бостон – Јута 95:107

Торонто – Бруклин 120:87

Мемфис – Атланта 96:94

Милвоки – Чикаго 109:105

Денвер – Њу Орлеанс 117:111 (прод.)

Хјустон – Сан Антонио 124:109

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.