Силен земјотрес во Индонезија, најмалку тројца мртви

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во земјотресот со магнитуда 6,5 степени кој во петокот ноќта ја погоди Јава, главниот индонезиски остров, загинале најмалку три лица, а зградите се треселе и во главниот град Џакарта.

 

Епицентарот на потресот е регистриран на длабочина од 91 километар и на помалку од километар од крајбрежниот град Чипатујаха, објави Американскиот геолошки институт (USGS).

 

Властите соопштија дека 62 годишен маж во градот Циамис и 80 годишна жена од Пекалонган загинале откако нивните домови биле целосно разурнати. Третата жртва е 34 годишна жена од Јогјакарта која починала откако скокнала од прозорецот на нејзиниот дом.

 

Земјотресот предизвика И големи материјални штети. Околу 900 куќи се оштетени, како и општински згради во централниот и западниот дел на Јава.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи