Во земјотресот со магнитуда 6,5 степени кој во петокот ноќта ја погоди Јава, главниот индонезиски остров, загинале најмалку три лица, а зградите се треселе и во главниот град Џакарта.
Епицентарот на потресот е регистриран на длабочина од 91 километар и на помалку од километар од крајбрежниот град Чипатујаха, објави Американскиот геолошки институт (USGS).
Властите соопштија дека 62 годишен маж во градот Циамис и 80 годишна жена од Пекалонган загинале откако нивните домови биле целосно разурнати. Третата жртва е 34 годишна жена од Јогјакарта која починала откако скокнала од прозорецот на нејзиниот дом.
Земјотресот предизвика И големи материјални штети. Околу 900 куќи се оштетени, како и општински згради во централниот и западниот дел на Јава.