Тројца рибари се исчезнати, а најмалку 38 илјади лица беа принудени да ги напуштат своите домови на Филипините, поради тропската бура Каи-Так, која се приближува кон земјата.
Невремето развива ветрови со брзина до 100 километри на час и се очекува доцна вечерва да стигне до градот Самара, што е трет по големина во земјата и е лоциран во јужниот дел на Филипините. Според прогнозите, бурата потоа ќе се насочи кон централниот дел на островската земја.
Локалните власти објавија три смртни случаи на соседниот остров Лејт – двегодишно момче кое се удавило во градот Махаплег, жена која загинала во свлечиште и друго лице кое паднало во поплавена шахта во градот Ормок.
Самар и Лејт, со вкупно население од околу 4,5 милиони, го претрпеа тајфунот Хаијан во 2013 година кога загинаа повеќе од 7.350 лица, а беше причинета и огромна материјална штета.