Здружението на резервни воени обврзници одбележа 15 години постоење

Здружението на воени резервни обврзници (ЗВРО) од Прилеп, учесници во конфликтот 2001/2002 денеска одбележа 15 години постоење.  По тој повод членовите на ЗВРО го посетија Меморијалниот центар во село Лениште и манастирот „Света Петка“. Со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите во конфликтот и на починатите бранители по конфликтот. Пред спомен плочата положија свежи цвеќиња и засадија 15 зимзелени дрвја во чест на 15 годишното постоење на здружението.

 

„Поводот за денешната средба е 15 годишнината од формирањето на Здружението на воени резервни обврзници, учесници во конфликтот 2001/2002. Симболиката на 15 -те зимзелени дрвја што ги засадуваме денеска се – 15 години од формирањето на здружението, прво по воениот конфликт. А,овој Меморијален центар претставува место близу до црквата „Света Петка“ на кое имаме засадено симболично 5.000 илјади дрвја, што зборуваат за 5.000 бранители од Прилеп, коишто се отповикаа на поканата да го бранат суверенитетот и интегритетот на Република Македонија“, рече Рубин Секулоски, претседател на ЗВРО.

 

На одбележувањето присуствуваше и градоначалникот на Прилеп кој рече дека почитта и споменот на жртвите во воениот конфликт останувала засекогаш. Тој ги посети бранителите од ЗВРО и во нивните простории, каде што разговараа за проблемите со коишто се соочуваат.

 

„Ги поздравувам бранителите од нашиот град, да им ја честитам годишнината. Сакам да им честитам 12-годишното постоење на Меморијалниот центар направен од нив,  да не се заборави 2001 година, тие поминати 16 години од конфликтот во 2001. Да се сеќаваат на нивните семејства, на граѓаните и на сè што се случило тогаш“, рече градоначалникот Јованоски.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи