Здравјето на Младиќ критично лошо, во Хаг пристигнуваат лекари од Србија

Здравстевената состојба на некогашниот генерал Ратко Младиќ, значително се влошила, откако пред месец дена му беше изречена доживотна казна од Хашкиот трибунал.
Како што дознава српски „Курир“, во Хаг итно пристигнува лекарска екипа од Србија, кои треба да го прегледаат Младиќ и да дадат мислење за неговата состојба.

Сепак, како што наведува медиумот, од затворската ќелија на Младиќ, при претрес, исчезнал неговиот медицински картон. Како се изгубил медицинскиот картон се уште не е познато.

 

Неговиот син Дарко смета дека сето тоа се случува намерно.

 

„Неговата стуација е лоша, се плашиме дека може да умре“, рекол неговиот син.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien