Спречен обид за атентат врз Ердоган во Грција

Грчките медиуми јавуваат дека при крајот на ноември полицијата уапсила деветмина турски левичари кои планирале да го ликвидираат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на неговата неодамнешна посета на Атина.

 

Деветемината осомничени биле припадници на турската Левичарска револуционерна организација DHKP-C,  која е прогласен за терористичка група поради нејзините напади врз турските безбедносни сили и западните дипломати во Турција. Истрагата на грчката полиција покажала дека осомничените планирале да користат ракетни фрлачи, рачни бомби и шишиња со запалива течност за време на нападот. Оружјето било пронајдено закопано во планина источно од Атина.

 

Во терористичкиот план Ердоган бил споменуван со кодно име „Шкорпија“. Се претпоставува дека групата планирала да го нападне конвојот на турскиот претседател од три страни.

 

Ердоган месецов оствари историска посета на Грција, прва од ваков вид на турски претседател за последните 65 години.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien