Продолжува одлична форма на Кливленд кој со победа од 106-99 над Вашингтон дојде до 18 триумф во последните 19 натпревари. Херој повторно беше Леброн Џејмс.
„Кралот“ во победата на својот тим учествуваше со нов „трипл-дабл“, негов трет во низа, а четврт на последните пет натпревари. Леброн запиша скор од 20 поени, 15 асистенции и 12 украдени топки, а голема помош доби од Кевин Лав кој со 25 поени беше најпрецизен во редовите на Кливленд. Кај поразената екипа се истакна Бредли Бил со 27 поени.
На останатите натпревари Индијана беше подобра од Бруклин (109:97), додека Детроит славеше против Орландо со резултат од 114:110. Торонто Рапторс го совладаа Сакраменто Кингс со резултат од 108:93.