Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска изјави дека во тек се разговорите за пополнување на испразнетите министерски мести и оти нема да има поголема реконструкција на Владата.
„Мислам дека собраниската агенда не дозволува какво било разгледување на нови предлози до 25 декември, така што ќе се искористат овие денови за дополнителни консултации по однос на ова прашање. Барем според тоа што до денеска е разговарано, не очекувам да има поширока реконструкција на Владата, туку начелно пополнување на испразнетите места по локалните избори“, истакна Османи.
Иако во јавнста кружи името на докторот Венко Филипче како нов министер за здравство, сè уште нема официјален став од Владата.