Почина најстарата Европејка

Шпанката Ана Вела Рубио, најстарата личност во Европа, почина на возраст 116 години и 47 денови, во дом за стари лица во Барселона.

 

Ана Вело Рубио, поранешна кројачка, умрела во петокот, а последните четири месеци со неа во истиот пензионерски дом живеела нејзината 90-годишна ќерка.

 

Ана Вела Рубио е родена на 29 октомври 1901 година во гратчето Пуенте Генил, во близина на Кордоба, а од 40-тите години од минатиот век живеела во Каталонија.

 

Со смртта на Ана Вела Рубио најстара жива личност во Европа стана уште една жена од Медитеранот, Италијанката Џозепина Пројето, која има 115 години и 200 дена.

 

Во моментов, најстарата личност во светот е Јапонката Наби Таџима која има 117 година и 134 денови.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи