Хаос во албанскиот Парламент, тепачки и димни бомби

Facebook
Twitter
Email
Print

За време на пленарната седница на Парламентот во Тирана, на која се гласаше за назначување на Привремен јавен обвинител, се создаде тензична атмосфера меѓу претставниците на власта и на опозицијата, која резултираше со физичка пресметка и со фрлање на неколку димни бомби.

 

Гласањето по точката беше спорно за опозицијата која тврдеше дека таквиот чекор е противуставен.

 

И покрај се, Парламентот во Албанија со 69 гласа за ја изгласа Арта Марку за привремен Јавен обвинител. Додека траеше процесот на гласање, опозициските партии остро протестираа во праламентот, но преку нејзините поддржувачи и надвор од албанскиот законодавен дом.

 

Во еден момент еден од пратениците фрли со чизма додека новата привремена јавна обвинителка Арта Марку  даваше заклетва.

 

 

Пред парламентот пак започна протест  на албанската опозиција  кој излезе од контрола, откако толпата се обиде насилно да влезе во дворот на Законодавниот дом, при што се судри со полицијата.

 

Веднаш реагираше полициската единца за брзи интервенци, која повторно успеа да го воспостави кордонот од полицајци, но состојбата е и натаму тензична.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи