Сити го наградува Де Бруин: Нов договор и плата од 12 милиони фунти годишно

Манчестер сити и Кевин Де Бруин се блиску до обновување на соработката со 2024 година. Белгиецот ќе стави потпис на нов шестгодишен договор со зголемена неделна плата од 210.000 фунти, или околу 12 милиони фунти годишно.

 

Челниците на Манчестер Сити се решија на ваквиот чин се со цел да го задржат белгискиот репрезентативец за кого постои сериозен интерес  од Реал Мадрид и ПСЖ.

 

„Среќен сум во Сити. Не размислувам за никаква преселба, ниту друг клуб. Драго ми е што сум дел ваков амбициозен проект, се совпаѓа со моите амбиции, ми се допаѓа и стилот на игра кој го негуваме. Соработката со Гвардиола е исполнување на сонот, нема сомнежи дека со него ќе оствариме многу успеси“, истакна Де Бруин.

 

Моменталниот договор на Де Бруин истекува во 2021 година, а со него офанзивниот играч заработува 115.000 фунти неделна плата што значи дека со новиот договор одличниот фудбалер ќе заработува речиси двојно повеќе.

 

Дваесет и шестгодишниот белгиски репрезентативец пристигна во 2015 година за клупски рекорден трансфер вреден 55 милиони фунти. За „граѓаните“ досега има постигнато 30 погодоци, а на 114 настапи во сите натпреварувања 49 пати се запиша како асистент.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien