Тројца загинати, над 100 повредени во железничка несреќа во САД

Во железничка несреќа во САД загинале најмалку тројца патници, а над 100 биле повредени, соопшти Националниот одбор за безбедност. Првото возење по скратената, побрза рута на возот на „Амтрак“ заврши со излегување на возот од шините и паѓање на соседниот автопат.

 

„Возот има 12 вагони и локомотиви на предниот и на задниот дел. Според „Амтрак“, во него имало 80 патници, тројца членови на екипажот и двајца вработени во кафулето. Возот застанал на две точки. Последна пауза персоналот направил на станица оддалечена 28 километри од местото на несреќата. Нашата мисија е да дознаеме што точно и зошто се случило, за да можеме да препорачаме промени кои би спречиле ваква трагедија во иднина“, изјави Бела Дин- Зар, член на одборот на НТСБ.

 

Вниманието брзо се сврте кон брзината на возот. Сојузните истражувачи велат дека возот патувал со брзина од 129 км/ч во зона од 48 км/ч. Истрагата продолжува, а според некои американски претставници, возот најверојатно удрил во нешто на шините, поради што излетал.

 

Возот паднал врз седум возила, вклучувајќи и два камиона, но никој од патниците во нив не загина во несреќата. Сообраќал на релација Сиетл-Портланд. Излетал на дел од пругата, јужно од Такома ,која претходно се користела исклучиво за товарни возови.

 

Како што е соопштено, спасувачките екипи ги пребарале сите вагони, но не е потврдено дека е утврден конечниот број на жртви.

 

Инцидентот се случи во понеделникот во 8 часот по локално време.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien