Откако вчера каталонскиот спортски весник „Ел Мундо Депортиво“ објави дека Барселона започнала преговори со Ентоан Гризман, француската ѕвезда на Атлетико Мадрид за трансфер на „Камп Ноу“, вистински шок следеше денеска со одговорот од шпанската престолнина.
Атлетико ги пријави каталонците во ФИФА за нелегален пристап и врбување на Гризман што е сосема спротивно на правилата, со оглед на тоа што прво треба да се договори обештетувањето со клубот.
„Атлетико Мадрид ја пријави Барса за обидот на Барселона кон Гризман. Атлетико е гневен по јавно објавените информации дека Барселона веќе преговарала со Гризман, откако директор на клубот јавно призна дека е остварен првиот контакт со фудбалерот, кој има важечки договор со мадридскиот клуб“, пишуваат светските медиуми.
Останува да видиме како ќе заврши оваа приказна и дали со ова се губат можеби шансите Гризман да се пресели на „Камп Ноу“.