Шампионот Голден Стејт Вориорс во драматичен меч по продолжението славеше над Лос Анџелес Лејкерс со 114:116, во мечот во кој беа повлечени од употреба двата дреса со број „8“ и „24“ кои Коби Брајант ги носеше низ неговото НБА патување.
Кевин Дурант имаше одлична шутерска ноќ во „Стeјплс центарот“ и ги постигна последните поени, кои донесоа победа за шампионот Голден Стејт. Бекот на „воините“ го заврши мечот со 38 поени, 11 скока и осум асистенции.
Меѓутоа оваа средба во „Стејплс Центарот“ донесе и многу супер моменти, но од нив без конкуренција се издвојува тоа е бруталното забивање на Лери Ненс Јуниор кој го „поздрави“ Кевин Дурент и со тоа сигурно ќе биде во конкуренција за потегот кој ја одбележал актуелнава кампања.
OH MY, LARRY NANCE JR. ! pic.twitter.com/WN6XUsLBpN
— Bleacher Report (@BleacherReport) December 19, 2017
Резултати од останатите натпревари од синоќешната програма на НБА:
Шарлот – Никс 109:91
Индијана – Бостон 111:112
Атланта – Мајами 110:104
Чикаго – Филаделфија 117:115
Хјустон – Јута 120:99
Минесота – Портланд 108:107
Оклахома – Денвер 95:94
Далас – Феникс 91:97
Сан Антонио – Клиперс 109:91