Вонредна седница на ОН по одлуката на Трамп за Ерусалим

Генералното собрание на Обединетите нации утре ќе одржи вонредна специјална седница по барање на арапските и муслиманските земји за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел.

 

Станува збор за ретка ваква седница на Генералното собрание и досега се одржани само 10. На седницата се очекува 193 земји членки да гласаат за резолуција со која се бара од Трамп да ја повлече одлуката.

 

Слична резолуција не помина во Советот на безбедност на ОН откако САД ставија вето. Иако резултатот од гласањето нема обврзувачки карактер, има своевидна политичка тежина, сметаат експертите.

 

Американскиот амбасадор Ники Хејли на Твитер предупреди дека САД ќе ги запамтат тие што гласале против одлуката за Ерусалим.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien