Русија подготвува одговор на очекуваните нови санкции

Дмитри Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека Русија подготвува одговор на очекуваното заострување на санкциите против неа, јави новинската агенција ТАСС.

 

„Ние ги сметаме санкциите од разни држави за незаконски. Би било погрешно ако сега ги откријам сите мерки кои ги подготвуваме да се заштитиме од овие ризици“, изјави Песков.

 

Портпаролот беше прашан дали Русија подготвува програма за државна помош на нејзините воени компании кои може да се соочат со новите санкции најавени од страна на САД и на Европската унија поради војната во Украина и анексијата на Крим.

 

„Има предлози, со цел да бидат заштитени таквите компании при евентуално интензивирање на санкциите кон Русија“, посочи Песков.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien