ВИДЕО : Најголемата пирамида вo светот „Чолула“ во централно Мексико

Facebook
Twitter
Email
Print

Иако низ светот најраспространето е мислењето дека Кеопсовата пирамида е најголема во светот, тоа не е точно. Големата пирамида Чолула во местото Пуебла, во централно Мексико е најгоемата пирамидална структура во планетава.

 

 

Базата на овој древен храм на Ацтеките, како што се наведува, е дури четири пати поголема од таа на пирамидата во Гиза.

 

Не е познато кој го изградил овој таинствен објект, чија старост се проценува на околу 2.300 години, но сигурно е дека материјалот од кој е изграден помогнал пирамидата да остане сокриена, барем нејзината големина.

 

Хернан Кортес, кој во 1519. година извршил инвазија на древниот град Чолула, таа пирамида не ја ни забележал, а локалното население тој објект го открило дури во 1910. година, иако е долг 450 метри, колку девет олимписки базени.

 

 

Се до почетокот на 20. век, оваа најголема пирамида на светот, била сокриена под густата вегетација. Денес пирамидата е позната под името “Планина која ја направил човекот”.

 

Многу малку се знае за оваа пирамида. Се смета дека изградбата почнала 300. години п.н.е, но не се знае кој ја изградил.

 

При истражувањата било откриено дека на тоа место всушност постојат шест пирамиди, градени една над друга. За градбата се користеле цигли, направени со мешање на кал и други материјали, како песок или слама, кои потоа се печеле на сонце.

 

 

Во сува клима, овие цигли се многу издржливи и траат илјадници години.

 

Пирамидата може да се истражи преку мрежата од тунели направени на почетокот на 20. век, а градот 500 години по Кортез се соочува со нова инвазија – од туристи.

 

 

Градот бил напуштен во 7. или 8. век, а денес е многу популарен меѓу туристите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи