На 22 декември 18 годишниот прилепчанец, Христијан Тасески, член на Центарот за боречки вештини „Максам Фајт“ од Прилеп ќе учествува на ММА на натпревар во Врање, Србија, во категорија до 70 кг. – „Gladiator Fajt Champion“. Тоа ќе биде силен професионаелн натпревар со борци од регионот на ЈУ просторите.
Од клубот информираат дека ова ќе биде прва полупрофесионална борба на Тасески и проверка за претстојните натпревари во Хрватска и Германија.
На 29 декември пак во Урошевац, Косово, ќе се одржи турнир, во повеќе боречки вештини на кој што ќе учествуваат борци од повеќе држави како Косово, Албанија, Германија, Швајцарија, САД и Шведска. Македонија ќе ја претставува членот од Центарот за боречки вештини „Максам Фајт“, Стефан Сталески, до 67 кг. кој ќе се бори со Арт Ложа од Косово.
Ќе има и борби и полупрофесионални борби и борби за светски титули. А интересно е тоа што на турнирот ќе се борат и американски војници од базата „Бондстил“ на Косово.